Почитувани,
Ве известуваме дека, во деновите 05, 06, 07 и 08 Септември 2025 година, за време на одржувањето на културната манифестација “Тиквешки гроздобер 2025”, паркирањето на сите јавни паркиралишта во град Кавадарци е бесплатно за сите корисници, посетители и гости.
Ви посакуваме пријатни празнични моменти и убаво расположение.
Со почит,
ЈП ПАРКИНГ КАВАДАРЦИ
