Над сто илјади денари се обезбедени од хуманитарни паркинг места во Кавадарци, во текот на минатата година, а парите ќе се донираат за купување на два медицински апарати за кавадаречката Општа Болница со проширена дејност.
На денешната седница на Советот на Општината, директорот на јавното претпријатие за паркинг, Таско Атанасов се осврна на извештајот за работа во првиот квартал во оваа година, а извештајот беше усвоен од мнозинството советници. Советниците едногласно ја изгласаа одлуката за донирањето на парите од хуманитарен паркинг.
Претседателот на Советот, Стојанче Рамов, во името на вработените во болницата, изрази благодарност за донирањето на финансиските средства за медицински апарати во оваа јавна здравствена устан
ова.

