Почитувани корисници,
ЈП ПАРКИНГ Кавадарци изврши презонирање на одредени зони и тоа:
A11 – Резидентно-комерцијално паркиралиште на паркинг просторот на улица “Фердо Росомански”,
В6 – на Булевар “Никола Минчев” од двете страни на булеварот од кружен тек до крстосница со Булевар”Македонија”,
B10 – на Булевар “Кочо Рацин” од двете страни на булеварот,
В14 – на Булевар “Моша Пијаде” од двете страни на булеварот,
В15 – на улица “7ми Септември” од десната страна на улицата,
В16 – на улица “Дисанска” од десната страна на улицата,
ВЕ – еко паркинг место на улица “7ми Септември”,
како и воведување на две нови зони и тоа:
В3 – на улица “Димката А.Габерот” од левата страна на улицата,
С9 – на улица “Видео Смилески-Бато” од двете страни на улицата.
За дополнителни информации контактирајте нѐ секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот на телефон 043/400-505 или во просториите на ЈП ПАРКИНГ Кавадарци – ул.7ми Септември бр.1 Кавадарци.
Со почит,
ЈП ПАРКИНГ Кавадарци.
